Поврзете се со нас

Свет

Жељко Обрадовиќ се враќа на клупата на Партизан

Објавено

на

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ, ја прифатил понудата на својот поранешен клуб Партизан и ќе биде тренер на црно-белите во новата сезона.

Ова попладнево го објавија српските медиуми, а доаѓа како логичен епилог на преговорите кои беа водени изминатиот период, а кои беа потврдени и од Обрадовиќ.

Првите информации се дека Обрадовиќ потпишал тригодишен договор со белградскиот состав, што ќе значи негово враќање на местото каде ја започна успешната тренерска кариера и каде ја освои првата европска титула.

Обрадовиќ зад себе има девет евролигашки титули со пет различни клубови, а последно работеше во Фенербахче каде беше тренер меѓу 2013 и 2020 година.

Во Партизан настапуваше во најголем дел од својата кошаркарска кариера, а потоа беше и тренер меѓу 1991 и 1993 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни