Поврзете се со нас

Балкан

Жељко Обрадовиќ нема да го води Фенербахче во новата сезона

Објавено

на

Жељко Обрадовиќ го информирал Фенербахче дека се повлекува од тренерската функција и наредниов период планира да остане во Србија, – објавија турските медиуми.

Најтрофејниот европски кошаркарски тренер минатата недела водеше преговори со клубот околу продолжување на соработката, по што Обрадовиќ добил одреден период да ја донесе својата одлука.

Со оглед на отежнатата економска ситуација, Фенербахче реши да го намали буџетот, а тоа сигурно ќе значи и збогување со неколку актуелни ѕвезди на екипата, потег кој веројатно и влијаел на одлуката на Обрадовиќ да се повлече од тимот кој ќе нема најголеми амбиции во Евролигата.

Обрадовиќ најавил дека барем една сезона ќе одмори од тренерските обврски, а неговото заминување беше најавувано уште по неочекувано лошите резултати кои ги имаше составот од Истанбул последната сезона.

Српскиот стручњак мина седум сезони на клупата на Фенербахче и притоа му донесе една европска и четири турски титули на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни