Поврзете се со нас

Македонија

Железничар Сараево носи Македонец: Цветановски пред потпис со клубот од „Грбавица“

Објавено

на

Босански Железничар моментално е на подготовки во Златибор, а на овој тим наскоро би можел да му се приклучи македонско засилување.

Од тимот од „Грбавица“ за СпортСпорт потврдија дека договорот е блиску до реализација, а остануваат уште некои ситници да се завршат за да се официјализира доаѓањето на Матеј Цветаноски.

Станува збор за 26-годишник кој игра на позицијата лево крило, но може да ја покрие и десната крилна позиција.

Цветаноски во својата досегашна кариера настапуваше за Пелистер, Вардар, Шкупи, Ѓирмот (Унгарија), Партизани (Албанија) и АП Брера Струмица од каде и што доаѓа.

Матеј минатата сезона одигра 25 натпревари за струмичани, а успеа да постигне четири гола и да забележи исто толку асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни