Поврзете се со нас

Англија

Ждрепката за Лига купот најави „дерби“ во Лондон и незгодно гостување за Ливерпул

Објавено

на

foto:twitter.com/Carabao_Cup

Премиерлигашките клубови ќе имаат сериозна задача во осминафиналето на англискиот Лига куп, откако со ждрепка се одредени паровите за оваа рунда.

Најатрактивен, барем на хартија, е парот меѓу Тотенхем и Манчестер Сити, но двете екипи имаат различни амбиции во Лига купот.

Додека Анге Постекоглу и неговите избраници веројатно максимално ќе се борат за трофејот во ова натпреварување, Пеп Гвардиола веќе најави дека планира да игра со втор тим во следната рунда и веројатно ќе остане на одлуката.

Ливерпул ќе му гостува на Брајтон, што секако не е најпосакувано сценарио за „црвените“, додека може да се очекува уште едно премиерлигашко дерби бидеќи Њукасл допрва ќе игра со Вимблдон во претходната рунда, а победникот ќе се соочи со Челси.

Манчестер Јунајтед ќе игра дома против Лестер, додека Арсенал ќе биде фаворит на гостувањето кај Престон.

Натпреварите ќе се играат на крајот на октомври.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни