Ждрепката за ФА купот донесе градско дерби и тешко гостување за Манчестер Јунајтед

megvaer-debi

Манчестер Јунајтед доби најтежок противник во третото коло на ФА купот, откако ждрепката одлучи дека тимот предводен од Оле Гунар Солксјер ќе мора да му гостува на Волвс во реприза од ланското четвртфинале на ова натпреварување.

Интересен дуел ќе играат и Ливерпул и Евертон во уште едно градско дерби сезонава, а домаќините сепак ќе бидат големи фаворити, пред се доколку остане моменталната форма на тимот на Марко Силва.

Манчестер Сити имаше добар ждреб и ќе се соочи со Порт Вејл, а интересен ќе биде и дуелот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед на нашиот Алиоски.

Натпреварите ќе се играат меѓу 3 и 6 јануари 2020 година.

Поинтересни двојки – ФА куп 3. коло:
Ливерпул-Евертон
Волвс-Манчестер Ј.
Лестер-Виган
Челси-Нотингем
Фулам-Астон Вила
Рочдејл/Бостон-Њукасл
Шефилд Ј-Филд
Саутемптон-Хадерсфилд
Бурнмаут-Лутон
Брајтон-Шефилд В
Манчестер С-Порт Вејл
Мидлзброу-Тотенхем
Арсенал-Лидс

Facebook Коментари