Поврзете се со нас

Шпанија

Ждрепката одреди дерби средби, Барселона пред тежок испит во четвртфиналето на Копа дел Реј

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBarcelona

Денешната ждрепка за четвртфиналето на шпанскиот фудбалски Куп не ги израдува најголемите фаворити, бидејќи уште во оваа фаза ќе имаат тешки противници.

Атлетико Мадрид успеа да оствари голема победа над градскиот ривал Реал во осминафиналето, но на патот кон трофејот сега има уште еден квалитетен тим, а тоа е Севилја.

Атлетико повторно ќе биде домаќин, што секако го прави фаворит на оваа средба, но и тимот од Андалузија има свои сметки во натпреварувањето каде се уште има шанси да се бори за трофеј.

Барселона помина уште полошо бидејќи ќе му гостува на Атлетик Билбао на жешкиот „Сан Мамеш“, а за Каталонците ова е прв сериозен ривал во Копа дел Реј, бидејќи вчера играа со нисколигаш во осминафиналната рунда.

Селта ќе го пречека Реал Сосиедад, додека Мајорка за противник ја доби амбициозната Џирона во преостанатите две четвртфинални двојки, за кои исто така може да се каже дека ветуваат интересни соочувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни