Ждрепката го најави почетокот на снукер турнирот „Скопје Опен 2017“

snuker 1

Викендов, во Скопје ќе се одржи најсилниот меѓународен снукер турнир во Македонија, а организаторите од „Гран Клуб“ најавија дека ќе бидат запазени светските стандарди за еден настан од ваков вид.

Петочната ждрепка е најдобра најава за натпреварите кои започнуваат во сабота во 10 часот, вториот натпреварувачки ден стартува во исто време, а финалето е закажано за во недела во 21 часот. На турнирот покрај останатите домашни учесници, ќе се натпреварува и државниот првак Павле Данилов, а меѓу фаворитите за освојување на првото место ќе бидат гостите од Бугарија, предводени од Братислав Крстев, единствен лиценциран тренер за едукација на снукер тренери од страна на ЕБСА.

ЖДРЕПКА ЗА ПРВА ЕЛИМИНАЦИСКА ФАЗА

zdrepka-snuker

Елиминациските фази заклучно со четвртфиналето се играат во два, додека полуфиналето и финалето во три добиени фрејма. Сите оние кои што сакаат да присуствуваат и да ги проследат мечевите во живо, имаат отворена покана бидејќи влезот е слободен, а „Гран Клуб“ ќе обезбеди да се почуствуваат како да присуствуваат на натпреварите кои ги следиме на тв екраните.

Резултатите ќе можат да се следат преку веб-страната snookeron.com, а сите мечеви ќе бидат снимани и пренесувани во живо на Youtube на Gran Klub каналот, и тоа во целосна HD резолуција, a за секој меч поединечно ќе постои статистичи обработена база на податоци, што всушност и претставува своевидна новина во нашите турнири.

„Гран Клуб“ како организатор на најквалитетниот снукер турнир во Р.Македонија ве поканува одблиску да ги одгледате најквалитетни мечеви на турнирот и да го откриете дискретниот шарм на оваа величенствена игра.

Facebook Коментари