Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ждрепка за плејофот во Конференциска лига: Српски предизвик за Чурлинов, Николов и Шишковски на гости во Словенија

Објавено

на

Foto:x.com/Jagiellonia1920

Вчерашната рунда натпревари во Конференциската лига ги одреди осумте најдобри екипи кои директно патуваат во осминафиналето, но и останатите 16 екипи кои ќе играат бараж.

Тимовите кои се пласираа од 9-то до 24-то место се најдоа на денешната ждрепка која беше извлечена во просториите на УЕФА, па така ги добивме осумте двојки за натпреварите кои се закажани за месец февруари наредната година.

Како што е познато, тројца наши претставници обезбедија пласман во следната фаза од третото по ранг европско натпреварување, а попладнево Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Дарко Чурлинов ги дознаа своите ривали.

Борац од Бања Лука е тим во кој настапуваат Николов и Шишковски, а судбината посака нивни противник во плејофот да биде Олимпија од Љубљана.

Јагиелонија на Дарко Чурлинов само поради полоша гол-разлика не влезе меѓу најдобрите осум екипи, но сега како деветопласирана го доби за ривал 24-от тим на табелата, српски ТСЦ од Бачка Топола.

Плејоф за КЛ:

Гент – Бетис
Копенхаген – Хајденхајм
Викингур – Панатинаикос
Борац Бања Лука – Олимпија Љубљана
Целје – АПОЕЛ
Омонија – Пафос
ТСЦ Бачка Топола – Јагиелонија
Молде – Шамрок Роверс

Првите натпревари се играат на 13-ти февруари, а реваншите се една недела подоцна.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни