Лига на шампиони
Ждрепка за ЛШ: Двајца македонски репрезентативци стојат на патот на Шкупи!

Како нов првак на Македонија, Шкупи се најде во ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, случување кое се одржа ова попладне во седиштетот на УЕФА.
Тимот од Чаир доби поволна ждрепка за првото коло и ќе се сретне со Линколн од Гибралтар, но ако ја оправда фаворитската улога, тогаш го чека пеколна задача.
Во второто коло ги чека актуелниот хрватски шампион и најдобар фудбалски колектив од Балканот со години наназад, големиот Динамо Загреб предводен од Гоце Седлоски.
Фудбалскиот стручњак е добро познато име во Динамо и сигурно би влегол во двете пресметки со посебни емоции, но истите ќе бидат интересни и поради македонските репрезентативци.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски се едни од носителите во Динамо, но за да дојде до тој дуел, Шкупи прво ќе мора да ја заврши работата со Линколн, двомеч кој е закажан за 5-6 јули и 12-13 јули.
-
Италијапред 22 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
АТПпред 23 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 17 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 24 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 21 час
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок