Ждрепка за ФА куп: Ливерпул доби најтежок противник при пласман во осминафиналето

lester-brentford

Вечерва станаа јасни осминафиналните парови во англискиот ФА куп, а на повидок е едно дерби во кое би можеле да се сретнат Челси и Ливерпул.

Сепак, за да стигне до гостување во Лондон, Ливерпул треба да го добие вториот натпревар против третолигашот Шрусбери, а засега не е најјасно со каков состав ќе настапуваат домаќините.

Доколку Дерби го елиминира Нортемптон, тогаш Вејн Руни ќе се соочи со својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, додека пак Манчестер Сити ќе му гостува на Шефилд Венздеј.

Осминафинале ФА куп:

Челси-Шрусбери/Ливерпул
Нортемптон/Дерби-Манчестер Ј.
Шефилд В.-Манчестер С.
Портсмут-Бурнмаут/Арсенал
Тотенхем/Саутемптон-Норич
Лестер-Ковентри/Бирмингем
ВБА-Њукасл/Оксфорд
Рединг/Кардиф-Шефилд Ј.

Facebook Коментари