Ждрепка за ЕП 2020: Македонија може да биде дел од „групата на смртта“

draw euro 2020

Ждрепката за Европското првенство во 2020 година ги откри можните противници во група на македонската фудбалска репрезентација, а формираше и неверојатно неизвесна група со три многу силни репрезентации.

Победникот од плејофот во Д групата од Лигата на нации (Македонија е во игра за ова место) ќе биде дел од групата Б со Украина, Холандија и Австрија, или пак во групата на каде ќе играат Германија, Франција, Португалија.

Доколку Романија биде победник во својата група од плејофот на Лигата на нации, ќе игра во групата со Украина, Холандија и Австрија, а доколку не се пласира на ЕП, тогаш ние ќе бидеме дел од оваа група. Ако Романија и Македонија обезбедат пласман, ние ќе бидеме дел од најсилната група на првенството.

Интересно е што во групата со Хрватска, Англија и Чешка, може да се најде и селекцијата на Србија.

А: Италија, Швајцарија, Велс, Турција
Б: Белгија, Русија, Данска, Финска
Ц: Украина, Холандија, Австрија (Група А/Д Лига на нации)
Д: Англија, Хрватска,Чешка, (Група Ц Лига на нации)
Е: Шпанија, Полска, Шведска (Група Б Лига на нации)
Ф: Германија, Франција, Португалија (Група А/Д Лига на нации)

Facebook Коментари