Поврзете се со нас

Формула 1

Жан Тод направи споредба меѓу доминацијата на Ферари и Мерцедес и донесе болен заклучок за Италијанците!

Објавено

на

Жан Тод како прв човек на ФИА претседаваше на дигиталната церемонија во Женева и ги соопшти имињата на најдобрите возачи во автомобилизмот за 2020-та година, а при доделувањето на наградите, легендарниот Французин излезе со една изјава која предизвика голема болка меѓу верните тифози на Ферари.

Тод долги години беше тимски шеф на Ферари и со него како лидер италијанската гордост ги оствари најголемите успеси во Формула 1, или поточно испиша историја и стана првиот тим кој освоил пет последователни титули во „најбрзиот циркус“ во светот.

Ферари имаше доминација во Ф1 на чело со Тод од 2000-та до 2004-та година, период во кој Михаел Шумахер освои пет шампионски титули, но сега претседателот на ФИА нагласува и признава дека оваа доминација на Мерцедес и Луис Хамилтон е поголема од онаа која тие ја имаа на почетокот на новиот милениум.

– Веќе бев претходно импресиониран со шесте титули, а сега сум уште повеќе импресиониран од перформансите и континуитетот кој го прикажува Мерцедес како тим. Ова не е спорт на мажи и жени, овој спорт го врзува спортистот со машината и со неверојатниот дух кој го има тимот. Мора да му дадам признание на Луис Хамилтон, секогаш кога зборува за своите успеси, зборува и за тимот кој е зад него. Навистина сум импресиониран, заслужено израмни некои рекорди и веќе постави нови.

– Хамилтон и Шумахер, зборуваме за две различни личности, возачи кои имаат различни состојки. Единствено што можеме да споредуваме се седумте шампионски титули. Од една страна, шампионска структура со пилот кој има неверојатен талент, а од друга, италијански тим со друг менталитет, со други пристапи кои станаа добро организнирани и структурирани со одличен пилот како Михаел Шумахер. Сигурен сум дека ова ќе ми биде потенцирано, но надмоќта и доминацијата на Мерцедес и Хамилтон е поголема од онаа што ја имавме јас и Ферари со Михаел. Оваа Формула 1 е посигурна за возачите, а Луис не прави грешки, – заврши Тод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни