Поврзете се со нас

НБА

Жална вест од САД: Легендарниот Мутомбо ја загуби битката со тешката болест

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/officialmutombo

Поранешната НБА ѕвезда, Дикембе Мутомбо ја загуби долгата и тешка борба со тумор во мозокот и денеска починал на 58-годишна возраст, – објави денеска НБА.

Членот на кошаркарската Куќа на славни остави сериозен кошаркарски печат со своите настапи во НБА лигата, a подоцна беше познат и по своите хуманитарни активности и како глобален амбасадор на лигата.

56-годишниот Мутомбо одигра 18 сезони во НБА и го носеше дресот на Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјустон, а се пензионираше по крајот на сезоната 2008/09.

Центарот четири пати беше избран за најдобар дефанзивец, а останува на второто место според бројот на блокади во историјата на лигата.

Мутомбо е роден во Киншаса, во ДР Конго, а во САД се преселил на 21-годишна возраст и станал член на колеџ тимот Џорџтаун. Во НБА лигата влегол во 1991 година како четврти пик на драфтот и тоа по избор на Денвер Нагетс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни