Жална слика која ги разбесни фановите: Марадона им држи лекција на дечиња кои сакаа само автограм од него (Видео)

maradona-deca

Диего Армандо Марадона е вистинска фудбалска легенда која секогаш ги полни насловните страни на весниците и електронските медими, а иако во родната Аргентина често знае да биде нарекуван „Бог“, за жал често знаеме да го видиме и во изданија кои не се никаков пример за останатите.

Марадона имаше неколку такви изданија на Светското првенство минатата година, но во изминативе неколку часа, на интернет платформите посебно вирално стана едно жално видео од неговата етапа во Дорадос. Марадона до неодамна работеше во Мексико како тренер на Дорадос, а медиумите дури сега одлучија да го објават видеото кое остава лоша слика за легендарниот Аргентинец.

Имено, Диего им одржал лекција на мали дечиња кои сакаа само автограм од него, порачувајќи им да престанат да го извикуваат неговото име, или во спротивно ќе си замине.

– Слушајте една работа. Ако уште еднаш слушнам Диего, си одам од тука. Јас сум тука и ве почитувам вас, почитувајте ме и вие мене. Не кажувам ништо повеќе. Следниот пак кога ќе слушнам Диего, си одам, немам никаков проблем да го направам тоа, – им се развикал Марадона на дечињата.

Facebook Коментари