Поврзете се со нас

Евролига

Жалгирис загуби од Зенит, па го смени тренерот (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Жалгирис вчера загуби од Зенит со 70-64 во дуелот од второто коло во Евролигата, пораз кој се покажа како кобен за тренерот Мартин Шилер.

Имено клубот од Каунас одлучи да стави крај на соработката со Шилер, а причината за тоа се двете загубени средби во европското натпреварување, но и лошите партии во подготвителниот период за оваа кампања (порази во сите средби).

Ако на ова се додаде дека Жалгирис се мачеше и во домашниот шампионат, тогаш повеќе од јасно е зошто беше донесена одлука за промена на тренерската позиција. Литванците брзо реагираа и нов нивен тренер ќе биде легендарниот Словенец, Јуре Здовц.

Здовц има водено доста клубови и репрезентации во досегашниот тек на кариерата, последниот ангажман во беше во Франција во Метрополитан 92.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни