Евролига
Жалгирис ја продлабочи кризата на Реал среде Мадрид
Реал Мадрид воопшто не делува како шампионски тим до оваа фаза на сезоната во Евролигата, а денеска се погрижи да го има најслабиот старт на една сезоната во најелитното европско натпреварување.
Билансот од 6 победи и дури 9 порази е најлош за „кралевите“ од постоењето на Евролигата, криза која беше продлабочена поради денешниот нов неуспех на домашен терен.
Жалгирис доминираше и го диктираше темпото во текот на целиот меч и сосема заслужено оствари победа во „Визинк“ центарот, па така литванскиот тим со триумфот од 83:92 се искачи на шестото место на табелата со позитивен учинок од 9 победи и 6 порази.
Вокер со 21 и Франсиско со 17 беа творци на големата победа на Жалгирис, тим кој најголемата разлика ја направи во првото полувреме кога имаше и плус 19.
Ова се покажа како преголема негатива за надокнадување, па така Реал се погрижи само за подостоен пораз кој сепак нема да го намали алармот кој веќе на големо е вклучен во шпанската престолнина.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија19 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)