Поврзете се со нас

Евролига

Зенит со супер партија закажа плејоф битка против Барселона во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Руски Зенит е последниот тим кој обезбеди место во плејофот во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа-Евролигата.

Во клучната средба избраниците на Чави Пасквал беа немилосрдни против Панатинаикос кого го совладаа на домашен терен со 112-83, а со тоа ја освоија осмата позиција на табелата што значи пресметка против првопласираната Барселона во првата плејоф рунда.

Дури шест играчи на Зенит беа двоцифрени, најдобар од нив беше плејмејкерот Пангос со 33 поени на кои додаде 11 асистенции. Кај гостите се истакна повремениот српски репрезентативец Недовиќ со 20 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни