Поврзете се со нас

Евролига

Зенит службено ги загуби дуелите со Басконија и Валенсија, Берон порача: Евролигата губи кредибилитет

Објавено

на

Руски Зенит се соочи со голем број на позитивни случаи со коронавирусот и поради тоа одлучи да не отпатува во Шпанија за да ги одигра дуелите против Басконија и Валенсија во Евролигата.

Евролигата потврди дека мечевите нема да се одиграа, но воедно во првото соопштение истакна дека Зенит сега е предаден на дисциплинската комисија која донесе одлука со службен резултат од 20-0 да им ги додели победите на Басконија и Валенсија.

Од пред почетокот на сезоната беа восоставени јасни протоколи, правила кои велат дека секоја екипа која нема да може да има најмалку осум здрави играчи ги губи средбите со службен резултат, па поради тоа оваа одлука и не е некое изненадување.

На истата реагираше бекот на Зенит, Били Берон кој на социјалните мрежи напиша:

-Службена победа? Знаеме за што се пријавивме оваа сезона, жртвувајќи го своето здравје, одвоени сме од нашите семејства (кои не не со нас) за да се натпреваруваме. Ама ова не е тоа. Евролигата со оваа одлука го одзема сопствениот кредибилитет во оваа сезона, -порача Берон кој во минатата сезона беше дел од Црвена Звезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни