Зенит казнет поради транспарентот кој навивачите го употребија на дуелот со Вардар

Vardar-Zenit

Рускиот клуб Зенит заработи казна од УЕФА поради однесувањето на навивачите за време на дуелот од Лига Европа против македонскиот шампион Вардар.

На една од трибините беше употребен транспарент со кој фановите на Зенит му изразија поддршка на Ратко Младиќ кој претходно доби доживотна затворска казна од Судот во Хаг, нешто што дефинитивно беше забележано од официјалните лица. Истовремено биле употребени и пиротехнички средства, па Зенит ќе мора да плати 10.000 евра, а на следниот натпревар ќе биде затворен делот од трибините на кој беше истакнат транспарентот. Наместо навивачи таму ќе биде истакнат транспарент од некоја од кампањите на УЕФА.

Вардар е екипа со најголем скок на најновиот УЕФА ранкинг

Facebook Коментари