Поврзете се со нас

Евролига

Зенит ја шокираше Барселона, ЦСКА не погреши против Фенербахче

Објавено

на

Руски Зенит го направи изненадувањето на денот на европската кошаркарска сцена, совладувајќи ја Барселона на гостински терен (74:76) во нивниот прв дуел од четвртфиналната серија од Евролигата.

Гостите ја направија разликата во вториот период во кој стигнаа и до 17 поени позитива, а за полувреме зачуваа 14 поени предност, кои се покажаа како одлична залиха за вториот дел.

Барселона очекувано не се откажа, ја топеше предноста, стигна и до израмнување на 68:68, поведе со 72:71, следуваше ново израмнување 74:74 и решавачките поени на Пангос за 74:76. Каталонците имаат шут за победа преку Хигинс, но тој не погоди па Зенит направи брејк и поведе со 1:0 во серијата.

Дејвис со 18 поени ја предводеше Барселона, додека во победничкиот тим се истакна Пангос со 19 поени.

Претходно, ЦСКА Москва беше сигурна против Фенербахче, славејќи со 92:76 и со тоа поведе во серијата против големиот ривал од Турција, кој одигра солидно и покрај фактот што беше ослабен и без тренерот Кокошков.

Сепак, убедливиот пораз не значи дека Фенер немаше шанси за позитивен резултат, бидејќи победникот беше решен во последниот период, кој ЦСКА го доби со 28:10.

Хакет и Клајбурн со по 20 поени ја предводеа ЦСКА, а во редовите на Фенербахче се истакна Де Коло со 27 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни