Поврзете се со нас

Свет

Зенит е ново жариште на коронавирусот: Сакаме да играме, ама е невозможно…

Објавено

на

Рускиот кошаркарски прволигаш, Зенит одлично ја започна новата сезона, но во моментов се соочува со големи проблеми со оглед на тоа што 13 членови се заразени со коронавирусот.

Многу позитивни случаи на КОВИД-19 има во клубот, осум се играчи, па поради тоа Зенит побара од Евролигата и ВТБ лигата да ги одложи нивните мечеви. Останува да видиме дали тоа ќе се случи затоа што постојат одредени правила, протоколи според кои Зенит може службено да ги загуби натпреварите (20-0), пред се оние во Евролигата со оглед тоа што оваа седмица има двојна програма.

-Ние сакаме да играме, но тоа е невозможно со шестмина здрви играчи. Секако, би можеле да се обидеме да ги собереме потребните минимум 8 играчи за гостувањата, да додаде млади играчи во нашиот прв тим, ама верувам оти немаме право тоа да го направиме. Прво, секој ден добиваме нови инфекции и нема гаранција дека некој од нив нема да се разболи. Ова значи дека токму на самото место, можеби нема да може да го собереме потребниот минимум. Второ, ако се открие позитивен тест ќе мора да го оставиме болното лице во Шпанија две недели (двете средби од Евролигата ги играат во Шпанија).

-Двете лиги имаат регулатива што предвидува вакви случаи. Ние вчера ја известивме Евролигата за вонредната состојба во тимот, веднаш штом ги добивме резултатите од тестот. Чекаме одлука, правилата се исти за сите, -истакна генералниот менаџер на Зенит, Александер Церковни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни