Земјотресите ги „стресоа“ и играчите на Веспрем: Ова не е нешто нормално!

metalurg-vs-vesprem-2016

Во текот на денот главна тема во Скопје и Македонија беа земјотресите кои имаа епицентар во близина на главниот град, а таа ситуација ги затекна и гостите од Унгарија, кои во саботата имаа натпревар со Вардар, а веќе в недела играа и со Металург во рамки од СЕХА лигата.

Неофицијално во кулоарите се шпекулираше дека можеби гостинската страна ќе побара натпреварот да биде одложен, но официјално никој не побарал нешто такво од домаќинот, екипата на Металург.

– Околу земјотресите, не можам да кажам дека тоа е нешто нормално, затоа што не сме навикнати на таква ситуација. Поголемиот дел од денот го минавме тука и ги почувствувавме земјотресите. Но, видовме дека сите се смирени, па и ние бевме мирни затоа што се беше под контрола и немаше потреба од грижи, – рече тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате, на прес конференцијата по натпреварот.

Facebook Коментари