Поврзете се со нас

Свет

„Земјотрес“ во Ротердам: Феенорд го отпушти тренерот пред мечот со Милан

Објавено

на

Актуелниот холандски вицешампион Феенорд остана без тренер на само два дена пред соочувањето со Милан во плејоф рундата во Лигата на шампионите.

Иако претходниов викенд Феенорд го доби градското дерби со Спарта, управата на клубот одлучи да се раздели со стратегот Бријан Приске Педерсен кој ја извршуваше оваа функција од минатото лето кога го наследи Арне Слот.

Клубот од Ротердам како причини за разделбата ги наведува неконзистентните резултати и недостатокот на хемија. Феенорд е дури на 5. место во домашниот шампионат со 12 бода помалку од ривалите Ајакс и ПСВ, а беше елиминиран и во Купот и тоа во четвртфиналето.

Единствена светла точка беа настапите во ЛШ каде за место во осминафиналето, холандскиот прволигаш ќе мора да го мине италијанскиот великан Милан.

Утре се очекува да биде објавено името на привремениот тренер и неговиот стручен штаб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни