„Земјотрес“ во Англија: Пакистанец со американски корени го купува „Вембли“, сумата е сензационална!

wembli-gore

Спортската јавност во Англија во изминативе два часа се соочува со фудбалски „земјотрес“, а причина за тоа е официјалното соопштение кое го достави ФА по повод најпрестижното фудбалско здание на Островот.

Фудбалската федерација на Англија во своето соопштение вели дека сериозно се размислува да се прифати понудата која дошла на нивната маса, а истата е од сензационален карактер бидејќи станува збор за продажба на новиот „Вембли“.

Домот на англиската фудбалска репрезентација многу брзо може да стане приватна сопственост, и тоа во рацете на Пакистанецот со американски корени, Шахид Кан. Всушност, станува збор за газдата на Фулам и американскиот НФЛ клуб, Џексонвајл Јагуарс, кој доставил астрономска понуда до одговорните луѓе во фудбалот во Англија за купување на „Вембли“.

Целта на Кан е да направи од Џексонвајл прв американски НФЛ клуб кои своите натпрвари ќе ги игра во Англија, а за изведување на оваа желба доставил понуда која варира од 500 до 800 милиони фунти. Секако, во случајот ќе станува збор за долгогодишна франшиза која ќе го направи Кан газда на „Вембли“, а се вели дека големи се шансите ФА да ја прифати оваа сензационална понуда поради тоа што се уште постои голем долг за самото изградување на стадионот кој во 2007 година чинеше околу 750 милиони фунти.

– Можеме да потврдиме дека во ФА примивме понуда за купување на стадионот „Вембли“, – стои во краткото соопштение на Фудбалската федерација која засега не открива детали за тоа дали истата ќе биде разгледана.

 

Facebook Коментари