Поврзете се со нас

Италија

Зелински со прв коментар како играч на Интер: Јас сум првиот Полјак…

Објавено

на

foto: x.com/Inter

Пјотр Зелински одлучи да си замине од Наполи по завршувањето на договорот, но и да остане во Италија каде потпиша за актуелниот шампион Интер.

Играчот од средината повеќе од една деценија е на Апенините и ќе остане тука најмалку до 30 јуни 2028 година.

-Многу сум среќен бидејќи доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот. За мене е чест, едвај чекам да започнам. Средината на Интер е навистина силата на овој тим, па ќе се обидам да дадам свој придонес за да ја направам тимот уште посилен.

-Во Италија сум 12 години и многу сум среќен што овде ќе ја продолжам кариерата. Јас сум прв Полјако кој го носи овој престижен дрес и ќе се обидам да дадам се од себе за да постигнам одлични резултати. Ќе дадам се за да ги израдувам навивачите на Интер. Стадионот е прекрасен, еден од најубавите во Италија. Ќе направам се што можам за да го покажам мојот квалитет и да му донесам повеќе трофеи на клубот, -порача Пјотр кој ќе заработува по 4,5 милиони евра по сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни