Поврзете се со нас

Репрезентација

Зекири: Репрезентацијата е одлично склопена, можеме без проблеми да ги минеме претквалификациите

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува настап на турнирот во Скопје кој е дел од претквалификациите за Светското првенство во 2023 година.

Наши ривали се Словачка и Швајцарија, а еден од играчите кој чека за настап е Лејсон Зекири кој успеа да се наметне кај селекторот Драган Бајиќ на собирот кај младите, односно доби место кај сениорите.

Довчерашниот играч на МЗТ Скопје Уни Банка е горд што е дел од репрезентацијата за која верува дека може без проблеми да го реши во своја полза турнирот кој е на програтама од 12. до 18.август.

-Голема чест за мене е тоа што ја добив довербата од селекторот Драган Бајиќ преку оние селективни тренинзи. Овде има многу поискусни кошаркари од кои можеме многу да научиме, само треба вредно да тренираме во следниот период, -вели Зекири и додава:

-Одлично е тоа што играме на домашен терен затоа што во старт ќе имаме предност во однос на ривалите. Сметам дека репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите, -порача Лејсон кој во следната сезона би требало да го облече дресот на Бешикташ.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни