Поврзете се со нас

Германија

Зе Роберто за наредниот клуб на Алонсо: Тој е тренер на иднината, судбина е…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен за првпат во својата историја успеа да ја освои титулата во Бундеслигата, а за тоа најголеми заслуги има шпанскиот стратег Чаби Алонсо.

Алонсо успеа да направи вистинска револуција на „Бај Арена“, тим кој е непобедлив, тим кој е во игра за уште два пехари во актуелнава кампања, Купот и Лига Европа, тим кој сезонава е без пораз во сите конкуренции што е уште една потврда за страшната работа која ја врши легендарниот ас во бундеслигашот.

Неговата работа е ценета и тоа беше интересен за клубови како Ливерпул и Баерн Минхен, но тој реши да ги одбие и уште најмалку една сезона ќе остане во сегашната средина.

Што ќе се случи во иднина останува да видиме, но според Зе Роберто една работа е сигурна, Чаби ќе го води Реал Мадрид.

-На него му е судено да го тренира Реал Мадрид. Начинот на кој размислува за фудбалот и начинот на кој игра неговиот тим го прави тип на тренер кој секој претседател го посакува за својот клуб. Чаби е млад, пристапен и има модерна филозофија. Тој е тренер на иднината, -порача Зе Роберто кој во кариерата играше за „фармацевтите“ но и за „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни