Поврзете се со нас

Свет

Зе Роберто и бурниот ноќен живот на две бразилски легенди: Роналдињо имаше дискотека во куќата, но тоа што го правеше Роналдо….

Објавено

на

blank

Зе Роберто како поранешен врвен фудбалер сега се пронајде себеси и како професионален фитнес инструктор и пред извесно време воодушеви со својот изглед на 46 години, но навраќајќи се на својата богата играчка кариера, долгогодишниот бразилски крилен фудбалер одлучи да откри неколку анегдоти за две фудбалски легенди.

Во дадениот случај, Зе Роберто одлучи да говори за бурниот ноќен живот на неповторливите Роналдо Назарио и Роналдињо, играчи кои одбележаа една фасцинантна фудбалска ера во Бразил и кои успеваа да го прават тоа и покрај честите излегувања до ниедно време.

Зе Роберто имаше шанса да соработува со двајцата како член на бразилската фудаблска репрезентација, па во последното интервју за „Тик Спортс“, откри дека бил уште пофасциниран од нивните квалитети по тоа што го правеле во текот на ноќта.

– Роналдињо имаше дискотека во својата куќа и сите одеа таму. Сепак, јас претпочитав да го прескокнам тоа и да се држам понастрана.

– Покрај него, во забавите уживаше и Роналдо. Излегуваше постојано, а следниот ден доаѓаше на тренинг без речиси воопшто да спие. Тоа беше неверојатно. „Фрлаше“ многу чаши во текот на ноќта, но потоа наутро тренираше како животно, – вели Зе Роберто.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни