Поврзете се со нас

Италија

Зе Елијас: Роналдо на луд начин го понижи Тарибо Вест, тренерот Симони го прекина тренингот!

Објавено

на

Луис Назарио де Лима Роналдо пристигна во Интер во ситуација кога беше во убедливо најдобра форма, но иако го прикажа сиот свој раскошен потенцијал на „Џузепе Меаца“, за жал неговиот престој во Милано ќе се памети и по тешките повреди на коленото кои уништија една блескава кариера која можеше да биде уште пофасцинанта.

Роналдо мина пет години во Интер пред да направи трансфер во Реал Мадрид каде беше дел од „Галактико“ тимот на Перез, па во овие тешки времиња без никакви фудбалски активности, во изминатиов период ни беа откриени безброј анегдоти од самите фудбалери, а една таква сега обелодени Зе Елијас.

Поранешниот бразилски играч за врска ја делеше соблекувалната во Интер со својот драг сонародник, а потсетувајќи се на фудбаласките квалитети на „Феноменот“, долови како тренерот Џиџи Симони морал да го прекине тренингот.

– За време на еден тренинг, се сеќавам дека Роналдо изведе два страшни дриблинга, еден по друг кога пред него беше Тарибо Вест, изгледаше понижувачки. Тоа беше вистинска лудост, Тарибо не знаеше што се случи, а тренерот Џиџи Симони веднаш го прекина тренингот, – открива Зе Елијас за „ЕСПН“ и додава.

– Тарибо беше многу моќен и силен, се плашев дека ќе се налути и дека ќе го „собере“ Роналдо. За среќа, Тарибо беше многу мирен човек и тоа го прифати со насмевка, – додава Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни