Здравковски го елиминираше Тричковски во четвртфиналето во Купот на Кипар (ВИДЕО)

tricko-davor

Давор Здравковски излезе како победник од битката со Иван Тричковски во четвртфиналето на Купот на Кипар.

Во вечерашниот реванш во Ларнака двете екипи ремизираа, но со голови (1-1) што во случајот значеше пласман за АЕЛ Лимасол во полуфиналето на ова натпреварување. Имено првиот дел заврши без голови (0-0), па затоа Здравковски и компанија поради голот даден во гости го продолжуваат настапот во Купот.

АЕК Ларнака сега ќе мора да се фокусира само на домашниот шампионат каде пак Тричко е прв стрелец со 18 голови.

Facebook Коментари