Поврзете се со нас

Македонија

Здравков: Внимателно ќе ги бираме засилувањата, ќе составиме конкурентен тим за следната сезона

Објавено

на

foto:www.fkbregalnica.mk/

Тимот на Брегалница ја заврши натпреварувачката 2022/23 сезона на петтата позиција во Првата македонска лига, резултат од кој се задоволни во Штип.

Тренерот Горан Здравков смета дека екипата имала позитивна кампања која треба да биде мотив плус во иднина.

-Може слободно да кажеме, кога се ќе се сумира, дека имавме успешна сезона како клуб. Зборувам тука за целокупната сезона, а не само откако јас го презедов кормилото на тимот, затоа што петтото место во најсилната лига во Македонија сигурно е добар момент и како мотив плус за се што не очекува понатаму низ настапите во елитното друштво следната сезона, -рече Здравков кој посочи дека ќе има промени во Брегалница.

-Промени во играчкиот кадар секако ќе има. Тимот досега го напуштија пет фудбалери на кои им завршија договорите со крајот на сезоната, а тоа се Даниел Мојсов, Милан Ѓокиќ, Александер Борха Кордоба, Адис Хаџановиќ и Дарко Додев кој почнува интернационална кариера. Но, веќе течат преговорите за продолжување на договорите со оние најдобрите во нашиот тим. Па, продолжен е договорот со Горан Силјановски, а во тек се разговорите и со голманот Немања Шчекиќ и Ѓорѓи Ѓорѓиев. Што значи концентрацијата е да се задржат играчите кои имаа успешни настапи изминатава сезона, -истакна стратегот и додаде:

-Секако, ќе има и засилувања на тимот. Имаме свои планови и амбиции и веќе се почнати одредени разговори за засилувања. Но, мора да кажам дека најпрво целиот фокус ќе ни биде на актуелните фудбалери кои дадоа се од себе за тимот. Затоа се почнати и преговори со оние на кои им се завршени договорите. Но, се планираат и пет-шест засилувања кои, ние како стручен штаб, мора многу внимателно да ги одбереме затоа што ни е неопходен единствено квалитет. Мора да креираме тим кој ќе биде навистина конкурентен за следната сезона во исклучително силната лига каква се очекува. Желбата на тим како Брегалница секако ќе биде одржување на високото ниво на игра во домашниот шампионат, -порача Горан преку официјалниот сајт на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни