Поврзете се со нас

Балкан

Здравко Мамиќ побара кривична одговорност и од Модриќ и Ловрен

Објавено

на

Контроверзниот Здравко Мамиќ вчера доби правосилна одлука за отслужување затворска казна од шест и пол години, но тој останува недостапен за хрватското правосудство бидејќи е во Босна и Херцеговина.

Тој и неговиот брат добија затворски казни и мораа да се повлечат од сите функции во Динамо Загреб, а денеска Мамиќ побара одговорност и од фудбалерите чии трансфери беа спорни за обвинителството.

– На сметките на Лука Модриќ и Дејан Ловрен се легнати пари кои денеска ни се ставаат на терен мене и на мојот брат.

– Модриќ и денеска има милиони на таа сметка, од која ме исплати мене на база на приватен договор. Тој ги подигна парите, дел ми даде мене, ниту еден фудбалер нема платено ни куна на основа на данок.

– Само Динамо плаќаше данок, ако браќата Мамиќ треба да ги вратат парите, тогаш тоа мора да го сторат и Модриќ и Ловрен. Тие се соучесници, или сме заедно во обвинението или нема обвинение, тука нема многу наука – изјавил Мамиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни