Зделката е во завршна фаза: Мурињо си пронајде замена за Кејн во Шпанија

joze-sedi

Жозе Мурињо доби навистина незгоден удар на почетокот на новата година откако стана јасно дека го загуби Хари Кејн речиси до крајот на оваа сезона, па поради тоа, португалскиот стручњак побара од управата на клубот да направи напори за доведување на негова замена уште во месец јануари.

Со оглед на тоа што зимскиот преоден рок полека влегува во својата завршна фаза, Тотенхем е приморан да ги убрза преговорите со потенцијалните засилувања, а оваа вечер од Шпанија пристигнаа силни информации дека Мурињо е на чекор да го добие новиот напаѓач.

Станува збор за ценетиот напаѓач на Реал Сосиедад, Вилијан Жозе, 28-годишниот Бразилец кој веќе неколку сезони наназад има одлични бројки зад себе во Примера. Вилијан е најдобар стрелец на Реал Сосиедад и оваа сезоан со осум постигнати гола во првиот дел од сезоната, но по се изгледа, во наредните неколку дена ќе го има првиот посериозен тест во кариерата, бидејќи ќе биде претставен во Северен Лондон како замена за повредениот Кејн.

Откупната клаузула на Жозе изнесува 70 милиони евра, но угледните медиуми „Марка“ и „АС“ тврдат дека зделката е при самиот крај и дека сумата која ќе ја плати Тотенхем ќе биде далеку пониска.

 

Facebook Коментари