Поврзете се со нас

НБА

Зделка на векот: Бостон продаден за историска и нестварна сума на пари (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/celtics

Бостон Селтикс е актуелен шампион во НБА лигата, но од денеска и франшиза која е најскапо продадена во спортската историја во Америка.

Оваа вест ја пренесе угледниот новинар Шемс Чаранија кој никогаш не греши со своите ексклузиви, извор кој тврди дека Селтикси се продадени во една таканаречена „операција на векот“.

Бил Чисхолм како досегашен партнет на компанијат „Симпфони Технолоџи груп“ исплатиле нестварни 6,1 милијарди долари на сметката на семејството Гроусбек, кое повеќе од две децении раководеше со најуспешната франшиза во историјата на НБА лигата.

Оваа вртоглава сума експресно стана топ тема во Америка поради тоа што операцијата избива на првото место на рекордната листа, но веста е уште посензационална поради фактот што семејството Гроусбек го купи Бостон за 17 пати помалку.

Во 2002-ра година, Гроусбекови платија само 360 милиони долари за аквизицијата наречена Бостон, а 23 години подоцна, ја продаваат истата за речиси 17 пати повеќе.

Зделката вредна 6,1 милијарда долари ја надминува историската аквзиција на Вашингтон Командерс од 6 милијарди долари (НФЛ), но и онаа на Феникс во НБА од 4 милијарди долари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни