Поврзете се со нас

Македонија

Збогување со легендата: Почина неповторливиот Лазар Лечиќ

Објавено

на

Foto:facebook.com/arisbc.gr

Македонската кошарка доживеа навистина убави моменти со победата на јуниорите на Европското првенство во Скопје, но денеска за жал големите фанови на овој спорт се завиени во црно поради тажната вест која пристигна од семејството Лечиќ.

Лазар Лечиќ починал на 85-годишна возраст во текот на вчерашната ноќ и зад себе остава едно големо наследство во македонската кошарка, каде важи и за една од најгоолемите легенди во историјата.

Човекот кој му го посвети речиси целиот свој живот на кошарката остави длабока трага во мак-баскетот, но и на просторитее на поранешна Југославија.

Лечиќ шест децении беше тесно поврзан со кошарката и работеше во најголемите македонски клубови Работнички и МЗТ Скопје, а статусот на голема легенда го ужива и во грчки Арис каде работеше две години.

Лечиќ беше еден од ретките Македонци кои имаа важна улога во југословенската кошарка, бидејеќи беше член на стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија која во 1970 година стана светски шампион на Мундијалот во Љубљана.

Последните две децении беше активен како советник и член на стручниот одбор, а неговите искуства беа драгоцени за сите млади тренери во нашата земја.

Погребот на Лазар Лечиќ ќе се одржи утре, на 14 август на Градските гробишта Бутел од 10:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни