Поврзете се со нас

Формула 1

Збогување со Ф1 легенда: Френк Вилијамс почина на 79-годишна возраст

Објавено

на

Френк Вилијамс, основачот на тимот Вилијамс и една од највлијателните личности во Формула 1 шампионатот, починал денеска на 79-годишна возраст.

Во периодот кога го водеше тимот, Вилијамс стана еден од најуспешните Ф1 учесници во историјата, освојувајќи девет конструкторски и седум возачки титули во најпрестижниот моторспорт шампионат.

Последните години Вилијамс беше воден од неговата ќерка, Клер, а фамилијата се повлече од Формула 1 минатата година, кога тимот беше продаден на американски инвеститори.

Од 1986 година, Сер Френк користеше инвалидска количка, што беше последица на излетување со својот автомобил од автопат, на патот од патеката Пол Рикар до аеродромот во Ница.

– Ги надмина најтешките и најголемите предизвици во својот живот и секој ден се бореше за победа на и надвор од патеката. Загубивме сакан и почитуван член на Ф1 фамилијата и многу ќе ни недостасува, – истакна Стефано Доменикали, актуелниот Извршен директор на Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни