Поврзете се со нас

Свет

Заврши групната фаза на АФКОН: Гамбија приреди ново изненадување

Објавено

на

Со натпреварите од Групата Ф заврши групната фаза од Африканскиот Куп на нациите кој се одржува во Камерун.

Расплетот на денешните средби донесе ново изненадување, а тоа е дека Гамбија се пласираше во следната фаза по изненадувачката победа над Тунис од 1:0.

Како првопласиран од групната фаза во следната фаза оди репрезентацијата на Мали која со 2:0 очекувнао славеше против Мавританија, а место во осминафиналето има и за Тунис и покрај поразот.

Тунижаните се пласираа во наредната фаза од Купот на нациите како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од групната фаза.

Осминафинални дуели

Буркина Фасо- Габон

Камерун- Коморски Острови

Сенегал- Зеленортски Острови

Мароко- Малави

Брег на Слонова Коска- Египет

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни