Поврзете се со нас

Свет

Завршува уште една успешна приказна: Игуаин со солзи во очите најави крај на неговата кариера (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот аргентински репрезентативец, Гонзало Игуаин става крај на неговата богата и успешна фудбалска кариера.

Ѕвездата на Интер Мајами одлучи дека е време да ги остави копачките и тоа по крајот на оваа кампања со МЛС составот. Популарниот Ел Пипита во месец декември ќе го прослави 35 роденден и смета дека е вистинско време да се збогува со актувното играње фудбал.

Аргентинецот не можеше да ги задржи солзите кога ја соопштуваше оваа одлука. Тој од 2007 до 2019 година играше во Европа носејќи ги дресовите на Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Милан и Челси, период во кој освои многу титули, оствари многу успеси, даде голови, асистенции, а единствениот минус во кариерата му е што со националниот тим не успеа да освои пехар иако играше во неколку финалиња меѓу кои и на СП во 2014 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни