Завршниот турнир во БИБЛ ќе се одржи во Самоков, Блокотехна остана без организација поради преносите!

blokotehna tajm-aut

Завршниот фајнлфор турнир во БИБЛ лигата ќе се одржи на 14 и 15 април во Самоков, информираа од раководството на ова регионално натпреварување.

Самоков по пауза од 10 години одново ќе биде домаќин на овој настан на кој учество досега имаат изборено Блокотехна и Рилски Спортист. Нашиот претставник поднесе барања за да го организира овој настан, но поради тоа што не беа исполнети сите услови, поточно не можеше да се обезбедат директни преноси поради зафатеноста на Македонската радио телевизија се донесе одлука Самаков да ги пречека најдобрите четири состави во ова друштво.

Бугарската национална телевизија ќе го емитува завршниот турнир.

Facebook Коментари