Поврзете се со нас

Италија

Завршниот чин на „Сан Сиро“ откри какво мислење имаат тифозите на Милан за Пиоли (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан ја заврши натпреварувачката сезона со нова драма и одигра 3:3 на домашен терен против Салернитана, но тоа не го наруши славеничкото расположение на стадионот во чест на Стефано Пиоли, но и Оливие Жиру и Симон Кјаер.

Тројцата за последен пат се поздравија со навивачите како членови на Милан и многу фанови не ги криеја солзите, а Пиоли беше навистина посебно испочитуван од тифозите кои не пропуштија да го испратат тренерот со омилената песна.

– Ова е ноќ за благодарност до сите. Ќе почнам со луѓето кои ме сакаат тука и кои ме поддржуваа, кои ми дадоа можност да го тренирам овој фантастичен тим. Благодарност и до сите останати, до вработените во Милан, до мојот стручен штаб кој работеше толку напорно.

– Благодарност до моите играчи, знаете што мислам за вас, вие сте специјални и одредени работи секогаш ќе останат меѓу нас…..

– За крај, тука сте сите вие (обраќајќи им се на фановите). Не притискавте, не мотивиравте, ни дадовте неверојатна енергија која ние пробувавме да ја префрлиме на теренот. Победувавме и страдавме заедно, победувавме и славевме заедно. Тоа што го почувствувавме заедно, ќе остане меѓу нас. Никогаш нема да ве заборавам, ви благодарам, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни