Поврзете се со нас

Македонија

Завршница на женскиот Куп на Македонија: Вардар пред сериозен предизвик да го освои трофејот „Буштур“

Објавено

на

На денешната прес-конференција која беше организирана од страна на македонската кошаркарска Федерација, беа претставени сите четири полуфиналисти во завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ во женска конкуренција, а тренерите на сите учесници најавија возбудливи моменти и максимално залагање.

Вардар како победник на последните три изданија на Купот влегува како главен фаворит за одбрана на титулата, додека најтрофејниот клуб во ова натпреварување, Бадел 1862 има амбиции да го врати трофејот во своите витрини.

Во полуфиналињата, силите ќе ги одмерат Бадел-Крива Паланка и Вардар-Баскет КАМ, а воведните натпревари на завршниот турнир ќе се одиграат на 7-ми мај.

– Прво сакам да им честитам на сите екипи што постигнаа ваков резултат во оваа специфична сезона. Јас сум нов тренер во кошаркарскиот клуб Вардар и во релативно кратко време можам да кажам дека постигнавме една многу добра игра. Девојките се залагаат максимално и во последниот месец покажаа многу добра игра што ме радува. На првиот натпревар против Баскет Кам можам да кажам дека можеби имаат повеќе искуство на нивна страна со новите засилување, но од друга страна важно е да се знае дека не секогаш искуството победува. Мислам дека екипите што ќе покажат најмногу срце и залагање на теренот ќе победат. Им посакувам многу среќа на сите екипи и се надевам дека нашиот клуб ќе влезе во финалето и ќе го освои Купот, – изјави Јелена Антиќ како тренер на „вардарки“.

– Со самото учество на овој турнир ние ја постигнавме својата цел и им овозможивме на нашите играчи да го покажат својот квалитет во битка со најдобрите екипи од државата. Нашата екипа е подготвена и со вистински пристап кон играта и со квалитетот кој што го поседуваме, очекуваме добри резултати, – изјави Јордан Цветановски, тренер на Баскет Кам 2011.

Натпреварите ќе бидат одиграни во СРЦ „Кале“, а финалето е закажано за 8-ми мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни