Заврши сонот на Португалецот после само четири етапи: Вилјаш Боаш евакуиран по тешкиот инцидент на Дакар (Фото)

villas-boas-dakar

За време на третата етапа заврши годинешниот настап на најтешкото рели во светот за поранешниот шампион Нани Рома, а крајот на четвртата етапа за жал не го дочека и најголемиот авантурист на годинешнто издание на Дакар, фудбалскиот стручњак Андре Вилјаш Боаш.

За жал, поранешниот менаџер на Порто, Тотенхем, Челси и Зенит заглавил во дините во Перу на 165-от километар од етапата која својот крај го имаше во Сан Хуан де Маркона, а со оглед на тоа што имал тежок инцидент и заработил незгоден удар во грбот, бил евакуиран со хеликоптер и префрлен во болницата во Лима.

Оттаму пристигнуваат информации дека португалскиот тренер бил комплетно прегледан, а добри вести се дека нема никакви посериозни повреди, но дека сепак ќе мора да стави крај на својот сон наречен Дакар. Мора да се напомене дека Вилјаш Боаш со голем ентузијазам ја започнаа оваа авантура и неверојатен предизвик во животот, а откако навистина успешно ги заврши трите етапи, се соочи со суровата реалноста на најопасното рели во светот кое го натераа него и неговиот тим од Тојота да стават крај на краткото патешествие.

Покрај Вилјаш Боаш, од четвртиот ден за издвојување е и откажувањето на мотоциклистот Сандерленсд, со кого веќе се бројат повеќе од 50 откажувања во досегашниот тек на Дакар.

Facebook Коментари