Поврзете се со нас

Италија

Заврши сагата „Луис Алберто“: Лацио го продаде незадоволниот Шпанец, дел од сумата ќе заврши на „Енфилд“ (Видео)

Објавено

на

Луис Алберто јавно побара да си замине од Лацио и да стави крај на авантурата во Рим, но тоа го направи на доста експлозивен начин и предизвика низа негативни реакции.

Шпанецот го испровоцира Клаудио Лотито со својот став и побара транфер неполна година откако стави потпис на нов договор, па така газдата на клубот не дозволи да си замине по секоја цена.

Иако Алберто побара спогодбено раскинување на договорот, Лацио на крајот сепак заработи од офанзивнот фудбалер, откако Ал Духаил реши да плати 10 милиони евра за неговите услуги.

Клубот од Катар половично ги задоволи апетитите на Лацио кој првично бараше 20 милиони евра, но откако брзо стана јасно дека никој нема да понуди таква сума, „лацијалите“ сепак решија да не ја одолговлекуваат операцијата.

Од вкупните 10 милиони евра, 1,2 ќе завршат во касата на Ливерпул, од едноставна причина што англискиот клуб задржа 12 проценти од првата на фудбалерот кога го продаде во Лацио пред осум години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни