Поврзете се со нас

НБА

Заврши приказната: Клиперс го отпушти тренерот Риверс

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Клиперс одлучи да ја заврши соработката со тренерот Док Риверс.

Клубот од Калифорнија имаше највисоки амбиции во оваа сезона, ги ангажираше Пол Џорџ и Каваи Ленард се со цел да ја освои шампионската титула, но наместо пехар Клиперс беше елиминиран од Денвер Нагетс во полуфиналето на Западот.

Цената за оваа неуспешна сезона ќе ја плати Риверс кој од 2013 година седеше на клупата на составот од Лос Анџелес, пренесува „ЕСПН“ и секогаш добро информираниот Војнаровски. Док во минатото успеваше да преживее како тренер, добиваше нова шанса да ги направи сите промени за да дојде до посакуваниот резултат, меѓутоа овојпат управата на Клиперс не му го прости неуспехот и фактот што тимот испушти предност од 3-1 во серијата со Нагетс.

Инаку Риверс е единствениот тренер во историјата на НБА кој успеал трипати да прокоцка предност од 3-1 во плејофот, освен оваа година со Клиперс претходно тоа го направи со оваа екипа против Хјустон Рокетс (2015), но ваков колапс му се случи и како тренер на Орландо Меџик во серијата против Детроит Пистонс (2003).

Засега нема информација кој би можел да го наследи Риверс на жешкото столче во тимот од Калифорнија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни