Поврзете се со нас

Англија

Заврши потрагата: Легенда на Премиер лигата ќе биде нов тренер на Евертон

Објавено

на

Од таборот на Евертон конечно ја завршиле потрагата по нов тренер и веќе му ја понудиле работата на еден од заинтересираните кандидати.

Во потесен круг влегле Френк Лампард, Данкан Фергусон и Витор Переира, а изборот паднал врз поранешниот стратег на Челси.

Лампард ќе биде нов тренер на „карамелите“ откако бил постигнат конечен договор меѓу двете страни, а официјална објава се очекува во текот на утрешниот ден.

43 годишниот Лампард во досегашниот дел од тренерската кариера ги водеше Дерби Каунти и Челси од каде доби отказ пред точно една година по 18 месеци поминати на клупата на „Стемфорд Бриџ“.

Инаку, од Евертон најмногу притискале за ангажман на Вејн Руни, меѓутоа некогашниот играч на клубот сам потврди дека ја одбил понудата затоа што сака да ја заврши сезната во Дерби Каунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни