Поврзете се со нас

Шпанија

Заврши победничката серија на „душекџиите“: Гризман промаши пенал, Атлетико падна на „Бутарке“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Тимот на Леганес направи уште едно големо изненадување во шпанската Примера и во својот дом го сруши актуелниот лидер Атлетико Мадрид.

Пред нешто повеќе од еден месец Леганес ја шокираше Барселона на „Монжуик“ со 1-0, а вечерва со истиот тој резултат му зема мерка на Атлетико, составот кој во овој дуел влезе со 15 победи во низа во сите конкуренции.

Меѓутоа борбените домаќините дојдоа до три големи бода и тоа благодарение на погодокот на дефанзивецот Настасиќ во 49 минута. Избраниците на Сименоне во продолжението се обидуваа барем да останат непоразени, најголемата шанса тоа да се случи ја пропушти Гризман кој не реализираше удар од 11 метри во 90 минута.

Со ова Реал има шанса да стане нов лидер во шпанскиот шампионат под услов да го совлада Лас Палмас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни