Поврзете се со нас

НБА

Заврши неверојатната серија на Кари, Голден Стејт за првпат поведе во финалето (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Голден Стејт Вориорс издвојува победа над Бостон Селтикс од 104-94 во петтиот меч од финалето на НБА лигата.

Сега „воините“ се на чекор од нова титула со оглед на тоа што имаа водство од 3-2 во оваа серија што за нив е прва предност со оглед на тоа што претходно Бостон го диктираше резултатот (1-0, 2-1). Најдобриот играч на Голден Стејт, Кари имаше лоша партија и уфрли само 16 поени и притоа не реализираше ниту една тројка од двете обиди со што беше ставен крај на неговата извонредна серија.

Имено тој имаше дадено барем по една тројка на 233 натпревари во низа во регуларниот дел и плејофот, но рано утрово се „заглави“ во својот дом, ама и при вакво негово издание избраниците на Кер изборија триумф во кој во прв план беше Вигинс со 26 поени и 13 скокови.

Томпсон додаде 21, додека од клупата значајни беа Пејтон и Пул со искомбинирани 29 кошеви.

Воедно ова за триото Кари-Томпсон-Грин беше 20 победа во финалињата со што ги надминаа Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер, поточно станаа тројка со најмногу триумфи во оваа фаза во последните 50 сезони.

Дабл-дабл кај поразените запиша Тејтум (27 поени, 10 скока).

Следната средба се игра во „Ти-Ди Гарден“ на 17 јуни од 03:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни