Заврши ,,Немо Куп 2017″: Македонија со 3 младински рекорди

mia blazevska eminova

Заврши  13. издание на „Немо“-Куп, на кој пливачки куп продефилираа 510 пливачи од Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија.

Македонката Миа Крстевска од клубот „Орион“на 100 метри грбно успеа да исплива за 1:04,17 минути со што постави нов младински рекорд и тоа успеа да го поправи за 14 десетинки стариот рекорд од 1:07,28 минути, кој беше во нејзина сопственост. Исто така, Миа успеа и на 200 метри грбно,да постави нов младински рекорд со време од 2:22,23 минути, со што стариот рекорд,беше во нејзина сопственост со време 2:23,24 минути.

На 50 метри грбно,нов рекорд во категоријата на кадети и постари пионерки постави и Миа Блажевска Еминова, со време од 33:71, со што ги надмина досегашните рекорди на Деа Калајлиоска во во категоријата на кадети и постари пионерки.

Facebook Коментари