Поврзете се со нас

Олимписки игри

Стојоски постави личен рекорд на настапот на ЛОИ во Токио

Објавено

на

Рано утрово заврши настапот на уште еден македонски претставник на Олимписките игри кои се одржуваат во Токио.

Солидно појавување на патеката во дисциплината 400 метри имаше атлетичарот Јован Стојоски кој постави личен рекорд кој на крајот сепак не беше доволен за пласман во полуфиналните трки.

Стојоски истрча време од 46.81 што е за една стотинка подобро од неговиот личен рекорд и се пласираше на 38. позиција од вкупно 48 атлетичари кои се појавија на тартан патеката.

До крајот на Олимписките игри, Македонија ќе биде претставувана од каратистката Пуликсенија Јованоска која ќе се појави на борилиштата на 5-ти август и Магомедгаи Нуров кој ќе настапи во боречките спортови на 6- ти август.

Македонија е меѓу земјите со барем еден медал, откако Дејан Георгиевски освои сребро во својата таеквондо категорија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни