Поврзете се со нас

Германија

Заврши годината за Нојер: Првиот црвен картон во кариерата го плати со скршено ребро

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Венсан Компани изминатиов викенд соопшти дека Мануел Нојер не играше против Хајденхајм како последица на дуелот кој го имаше со Фримпонг во Куп пресметката со Баер Леверкузен, но денеска тренерот на Баерн Минхен беше поопширен и откри дека капитенот нема да игра до крајот на годината.

Нојер имаше невнимателен излет од голот на Куп натпреварот кој се одигра минатата недела и го заработи првиот црвен картон во кариерата, но истиот сега го плати со скршено ребро.

Мануел задоцни во обидот да стигне до топката и директно се заби во играчот на Леверкузен, а неколку дена подоцна стана јасно дека го извлекол и подебелиот крај.

Искусниот голман скршил ребро и ќе мора да паузира неколку седмици, па Компани го очекува назад во тимот на почетокот на 2025-та година.

– Мануел Нојер е повреден, прегледите покажаа дека има скршено ребро. Најверојатно нема да игра до крајот на годината, го очекуваме назад на почетокот на месец јануари, – изјави Компани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни